September 25, 2024 | | Свет
Јенс Леман се нашол во незгодна ситуација откако ја минал ноќта во притвор бидејќи бил фатен како вози во алкохолизирана состојба. Тој добро се забавувал на Октоберфест, па потоа решил да седне и да управува со неговиот автомобил каде бил фатен од полицијата. Своевремено, тој бранеше за Арсенал, Милан, Дортмунд и Шалке. Сега, обвинителството изготвило барање за одземање на возачката дозвола. „Господинот Леман беше запрен од полициските службеници на 23 септември рано наутро, каде беше утврдено дека е во алкохолизирана состојба во регионот околу Минхен. Беше побарана и анализа на крвта, по што беше утврдено дека тој е навистина пијан, по што му е одземена возачката дозвола“, изјавија од полицијата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |