Легендарниот Канаваро претставен како нов тренер на Динамо Загреб

January 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Легендарниот Канаваро претставен како нов тренер на Динамо Загреб

Динамо Загреб и официјално го потврди Фабио Канаваро како нов тренер. Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе имаат шанса да соработуваат со легендарниот Италијанец кој дојде да ја спасува сезоната на тимот од Загреб. „Италијанскиот стратег Фабио Канаваро, поранешниот прославен италијански репрезентативец, европски шампион, а потоа и светски шампион, освојувач на Златната топка, во тренерската улога ќе го внесе Динамо во новата година“, стои во денешната објава на Динамо Загреб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.