Легендарниот коментатор „полуде“ по голот на Евертон против Ливерпул во 98. минута (ВИДЕО)

February 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Легендарниот коментатор „полуде“ по голот на Евертон против Ливерпул во 98. минута (ВИДЕО)

Фудбалска драма се одигра на „Гудисон Парк“ каде што Евертон и Ливерпул одиграа возбудливо реми 2:2 во големото Мерсисајд дерби. Домаќините поведоа уште во 11. минута преку Бето, но „црвените“ брзо одговорија – Мек Алистер погоди во 16. минута, а Салах во 73. минута донесе пресврт за својот тим. Се чинеше дека Ливерпул ќе го однесе целиот плен, но во драматичната 90+8. минута, Тарковски постигна израмнувачки гол и донесе голема радост на трибините. Судијата Оливер веднаш побара проверка на ситуацијата од ВАР-собата, бидејќи Дукуре беше на линијата на офсајд при првиот контакт со топката. По три минути анализа, беше потврдено дека нема нерегуларност, па израмнувачкиот погодок на Евертон остана валиден.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.