August 27, 2024 | | Свет
Легендата на Арсенал Иан Рајт изјави дека Ерик тен Хаг е крив за поразот на Јунајтед од Брајтон во второто коло од Премиер лигата. Тој рече дека не можел да сфати одредени одлуки на Тен Хаг, а посебно оној потег кога го повлече Бруно Фернандеш на дваесетина минути до крајот на средбата. „Многу работи на тој натпревар не можам да ги разбирам и не очекував да се случат. Најважно од се, не можам да сфатам зошто Тен Хаг го повлече Бруно и реши да игра подефанзивно. Кога Фернандеш излегуваше од игра се смееше и како да велеше: Не можам да поверувам што прави овој човек“, рече Рајт. Тој додаде дека ако некој може да добие натпревар за Јунајтед, тогаш тоа е Бруно.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |