August 6, 2024 | | Свет
Килијан Мбапе имаше голема желба да биде дел од Олимписките игри каде неговата Франција успеа да се пласира во финалето каде ќе се сретне со Шпанија. Легендата на Арсенал и Франција Робер Пирес се стави во кожа на својот сонародник за кого вели дека сигурно е разочаран, но истовремено ја сфаќа и одлуката на Перез кој мисли само за доброто на Реал. „Знам дека Мбапе е разочаран, знам дека сакаше да игра на Олимписките игри. Секое дете сонува за Олимписки игри, а сега беше уште помоќно пооради тоа што се игра во Франција и во неговиот Париз. Тој ги познава сите играчи во тимот, но тој што одлучува е Реал. Флорентино Перез е газда во Реал и мислам дека мора да се почитува зборот на претседателот. Јас лично сакав да го гледам како игра за тимот на Анри, но во Реал имаат поинаков став. За Флорентино, Мбапе е многу поважен за Реал, отколку за францускиот олимписки тим“, рече Пирес. Инаку, тој беше дел од Олимписките игри во 1996-та година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |