September 15, 2025 | | Свет
Денеска на социјалните мрежи се прошири лажна вест за смртта на Ерик Абидал, поранешниот фудбалер на Барселона. Според шпекулациите, Французинот наводно починал поради компликации од втора трансплантација на црн дроб.
Сепак, Абидал брзо реагираше и преку Инстаграм им се обрати на своите следбеници.
„Некои гласини никогаш не треба да се појават. Тука сум, со моето семејство и во добро здравје, се е во ред. Жив и здрав сум. Ви благодарам за пораките и загриженоста, но време е да се фокусираме на нешто што е навистина важно“.
Абидал и во минатото се бореше со сериозни здравствени проблеми – во 2011 година му беше откриен тумор на црниот дроб, по што следуваа операција и трансплантација. Тој се врати на терените во април 2013 година, а кариерата ја заврши во 2014.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |