Легендата на Јунајтед воодушевен од младиот играч: Ме потсетува на Зидан

August 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Легендата на Јунајтед воодушевен од младиот играч: Ме потсетува на Зидан

Пол Сколс беше запрашан за талентираниот играч на Манчестер Јунајтед Коби Маино за кого рече дека е многу подобар играч од него кога бил на негова возраст. „Минатата недела прочитав некои споредби меѓу него и мене. Не трошете време, тој е десет пати подобар од мене кога имав 19 години. Го сакам начинот на кој ја прима топката, неговата смиреност, неговата свесност за тоа што се случува околу него. На теренот, се разбира и големите цели во големите натпревари, тоа момче е наше“, претходно изјави Сколс. Тој дури го спореди со еден од најдобрите играчи во фудбалот. „Маино е нешто најблиску до Зидан што сум го видел, кога станува збор за превземање на топката, примањето на топката и дриблингот, за играчи на средината од теренот. За него слушнав кога ми кажаа дека има некое дете кое на тренинзите му задава проблеми на Каземиро, честопати излегува дека е подобар од него“, објаснува Сколс. Претходната сезона Маино одигра 24 првенствени натпревари за Јунајтед, постигна три гола и забележа една асистенција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.