Легендата на Манчестер Јунајтед спремна да го замени Аморим!

October 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Легендата на Манчестер Јунајтед спремна да го замени Аморим!

Со само седум освоени бода по шест кола, Манчестер Јунајтед се наоѓа на 14-тото место во Премиер лигата, а поразот од Брентфорд повторно ги отвори дилемите околу иднината на тренерот Рубен Аморим. Според медиумите на Островот, клубот веќе има привремено решение доколку дојде до разделба – тоа е Мајкл Карик. Поранешниот играч за врска на „црвените ѓаволи“ и актуелен тренер, веќе еднаш ја имаше оваа улога по заминувањето на Оле Гунар Солскјер. Тогаш Карик го водеше тимот на три натпревари, забележувајќи две победи и едно реми, пред на клупата да седне Ралф Рангник. Дел од фудбалската јавност смета дека Карик заслужува да биде разгледан и како трајно решение за тренер на Јунајтед, а не само како преодна опција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.