Легендата на Реал Мадрид најави крај на кариерата!

May 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Легендата на Реал Мадрид најави крај на кариерата!

Во еден од неодамнешните интервјуа, Дани Карвахал призна дека неговата кариера е при крај, истакнувајќи: „Ова беше долга авантура. Мојата кариера се ближи до својот крај. Се надевам дека не е така, но морам да бидам реален.“ Долги години беше незаменлив дел од тимот, а за време на целата своја кариера имаше само една сезона надвор од Реал Мадрид — 2012/13, кога настапуваше за Баер Леверкузен како позајмен фудбалер. Неговото отсуство оваа сезона се почувствува повеќе од било кога, бидејќи пропушти значителен дел од натпреварите, оставајќи празнина во тимот на Реал. Очекувано, клубот започна со подмладување на тимот, па така веќе презеде конкретни чекори и на неговата позиција го ангажираше Трент Александер-Арнолд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.