Легендата на Реал: Винисиус мора малку да се смири

September 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Легендата на Реал: Винисиус мора малку да се смири

Винисиус Јуниор повторно влезе во конфликт со навивачите, овој пат со оние на Реал Сосиедад во триумфот на Реал Мадрид од 2-0 каде головите паднаа од два пенала. Пред неколку дена пак, Бразилецот даде една изјава која ги налути Шпанците, велејќи дека треба да им се одзеде правото да бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година. За ваквото однесување зборуваше и легендата на Реал Мадрид Предраг Мијатовиќ кој изјави дека Винисиус треба малку да се смири. „Тој фрла камења на покривот на сопствената куќа. Ја затрупува. И сето тоа иако е свесен за целата атмосфера околу него. Треба да се смири малку. Сите сме среќни поради голот, но тој веднаш не разочара со начинот на кој славеше. Што прави сето ова за него? Тој си прави лоша услуга. Секојдневно разговарам со многу навивачи на Реал и на сите им пречи неговото однесување“, рече Мијатовиќ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.