Легендата на Валенсија во одбрана на Столе: Не е фер односот кон Димитриевски

September 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Легендата на Валенсија во одбрана на Столе: Не е фер односот кон Димитриевски

Легендарниот голман на Валенсија, Санти Кањизарес, остро го критикуваше тренерот Карлос Корберан поради тоа што македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски, и понатаму е само резерва. „Тренерот не го сака Димитриевски и тоа е јасно. Во ред е, тоа е негова желба и одлука, но ако си го довел бесплатно, најмалку што можеш да направиш е да му дозволиш да си замине. Односот на Валенсија не е фер,“ изјави поранешниот голман на „Лос Че“. Димитриевски пристигна во Валенсија без обврска за отштета, со идеја да биде замена за Мамардашвили и потоа прв голман по заминувањето на Грузиецот. Сепак, оваа сезона шпанскиот стратег му дава предност на Жулен Агиврезаабала, а македонскиот репрезентативец останува втор избор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.