Легендата Овен даде прогноза за топ четирите екипи за наредната сезона во Премиер лигата

July 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Легендата Овен даде прогноза за топ четирите екипи за наредната сезона во Премиер лигата

Останува уште околу месец дена до почетокот на новата сезона на Премиер лигата каде првиот натпревар ќе биде помеѓу Манчестер Јунајтед и Фулам. Поранешниот англиски репрезентативец и некогашен ас на Манчестер Јунајтед даде прогноза за тоа кој ќе биде шампион или поточно кои ќе бидат четирите најдобри екипи. На прво место го стави Манчестер Сити, потоа зад него ги стави Арсенал и Ливерпул, а за четвртатата позиција беше неодлучен меѓу Астон Вила и Тотенхем. „Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул, мислам дека никој не се издвојува за четвртото место. Не ми се допаѓа Манчестер Јунајтед, а Челси се враќа со нов менаџер, па може да биде Тотенхем или пак повторно Астон Вила. Невозможно е да се каже дали Пеп [Гвардиола] би освоил помалку ако Сер Алекс Фергусон беше присутен, очигледно тоа ќе му дадеше поголема конкуренција отколку што ја има во моментов, но Манчестер Сити ја подигна играта на ново ниво“, вели тој.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.