Легендата се враќа во својот дом: Ван Нистелрој повторно во Јунајтед

June 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Легендата се враќа во својот дом: Ван Нистелрој повторно во Јунајтед

Тен Хаг ќе продолжи како тренер на Манчестер Јунајтед а во преговори се со клубот и за нов договор. Холанѓанецот посакува луѓе кои го познаваат клубот и кои ќе му помогнат во работата. Според информациите на Фабрицио Романо, некогашниот репрезентативец на Холандија, Руд Ван Нистелрој иако беше посакуван од Барнли за да седне на клупата, сепак ќе се врати во Јунајтед и тоа како дел од стручниот штаб на Ерик Тен Хаг. Тој како играч беше пет сезони во Јунајтед каде постигна 152 погодоци за клубот и остави сериозна трага зад себе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.