Легенди на Јунајтед снимиле кратки видеа во кои го повикуваат Де Јонг да направи трансфер!

October 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Легенди на Јунајтед снимиле кратки видеа во кои го повикуваат Де Јонг да направи трансфер!

Во летото 2022 година Манчестер Јунајтед опасно загриза по Френки Де Јонг. Тен Хаг очајнички посакуваше да го донесе Холанѓанецот, па таквата желба успеал да ја пренесе и на управата на клубот. Тогаш Барселона ја прифати понудата на „црвените ѓаволи“, но недостасуваше да го убедат Де Јонг да ја промени средината. Тие му понудиле огромна плата, а дури ангажирале и неколку свои легендарни фудбалери да снимаат кратки видеа во кои го повикуваат Де Јонг да дојде во Манчестер, пренесува „The Athletic“. Френки ги игнорирал сите понуди на Јунајтед, а видеата никогаш не ги ни погледнал, што наишло на огромно разочарување кај Тен Хаг. Допрва ќе се види улогата на Де Јонг под водство на Ханси Флик. Во дуелот со Реал Мадрид, тој влезе на полувреме на местото на Фермин Лопез и тотално успеа да ја промени играта на Барселона во вториот дел.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.