October 29, 2024 | | Свет
Откако луѓето од Реал Мадрид дознаа дека Винисиус нема да биде освојувачот на „Златната топка“, решија да не присуствуваат на церемонијата при што делегацијата од 50 луѓе остана во Мадрид во знак на бојкот. Реал Мадрид беше прогласен за најдобар тим минатата сезона, а Карло Анчелоти за најдобар тренер, но немаше кој да ги подигне наградите бидејќи не беа присутни. Угледниот L’Equipe кој е сопственик на „Франс Фудбал“, а со тоа и организатор на Златната топка реши да даде свој коментар околу ваквиот потег на Реал Мадрид. Во коментарот уредникот Винсент Дулук силно му се нафрли на Реал. „Реал не признава дека добитникот на Златната топка не се знае однапред и дека не е еден од неговите играчи. Затоа тој одби да дојде на доделувањето откако се прошири гласината дека Винисиус не е лауреат. Така ги направи Анчелоти и Мбапе, неговите победнички членови, свои заложници. Клубот од Мадрид направи потег кој докажува дека нема класа. Како губитник во изборот за Златна топка, клубот ги погази вредностите на спортот со непочитување на победникот“, стои во коментарот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |