Лесен старт за фудбалерите – две победи се на дофат!

December 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лесен старт за фудбалерите – две победи се на дофат!

Македонската фудбалска репрезентација денес ги дозна своите ривали во квалификациите за Светското првенство 2026. По извлекувањето на групите, беше објавен и распоредот на натпреварите, кој ги донесе првите предизвици за нашиот тим. Патот кон Мундијалот започнува на 22 март, кога Македонија ќе гостува кај Лихтенштајн, а натпреварот е закажан за 15 часот. Три дена подоцна, на 25 март, следува домашен дуел со Велс, кој ќе започне во 20.45 часот. Следува период од три месеци без натпревари, а потоа Македонија ќе го пречека фаворитот Белгија на 6 јуни во 20.45 часот. Потоа, на 9 јуни, нашите фудбалери ќе патуваат во Казахстан, каде ќе играат од 16 часот. Во септември, Македонија има два важни дуела. Првиот е на домашен терен против Лихтенштајн на 7 септември во 19 часот, а потоа следува тешкото гостување против Белгија на 10 октомври и против Казахстан на 13 октомври во Скопје. Последниот натпревар на нашата репрезентација во квалификациите е закажан за 18 ноември. Македонија ќе го пречека Велс на домашен терен, а натпреварот ќе се одигра во 20.45 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.