July 22, 2024 | | Свет
Левандовски е втор најплатен фудбалер во Ла Лига со 33,5 милиони евра, а прв е Френки Де Јонг со неверојатни 37, милиони евра, иако овде станува збор за бруто износ. Нето износот е некаде пола од сумата. Левандовски во летото 2022 година пристигна во Барселона од Баерн Минхен во трансфер вреден меѓу 45 и 50 милиони евра. Моментално тој има 36 години, а после следната сезона, неговата плата ќе падне на 26 милиони евра, ако се исполни еден услов. Имено, тоа ќе се случи ако Левандовски одигра помалку од 55 отсто од вкупниот број натпревари на Барселона во новата сезона. Иако е мала веројатноста за вакво нешто, сепак теоретски постојат шанси. Минатата сезона тој одигра 49 натпревари каде постигна 26 и асистираше за девет гола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |