July 12, 2024 | | Свет
Роберт Левандовски би можел да има проблеми бидејќи наводно се откри дека се најде на листата јавни личности кои купиле дипломи за завршено високо образование. Се работи за приватен факултет во Лоѓ, а таму неговата сопруга Ана била ректорка и издејствувале Левандовски експресно да се здоби со звање Магистер за спорт. „Левандовски доби диплома од приватниот факултет во Лоѓ. Според она што е официјален документ, тој положил два испита кај мене, но тоа не е вистина. Сопругата Ана беше таа што толку инсистираше тој што поскоро да стигне до диплома. Впрочем, Роберт беше запишан на факултет во Варшава, па иако во 2007 ги почна студиите и ги немаше завршено, тие побрзаа тој да магистрира во Лоѓ“ изјави професорката Барбора Мрожинска, која е сведок во случајот. Допрва ќе биде познато како ќе се развива овој случај, но ова секако не е добра вест за Левандовски.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |