Левандовски откри што ќе му биде најтешко на Јамал

November 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Левандовски откри што ќе му биде најтешко на Јамал

Ламин Јамал е новото светско чудо и со само 17 години се наметна во првиот тим на Барселона. Често за него зборува Роберт Левандовски кој сега рече дека најголемиот предизвик ќе му биде да ја одржи формата и да доминира во наредните 10-15 години. „Ламин Јамал, за прв пат во мојата кариера видов некого и си реков што е ова, тој има нешто посебно. Мислам дека и за младите сега е поинаку, на Јамал најтешко ќе му биде да биде на врвот 10-15 години, да биде на исто ниво до 28-29 години. Мислам дека овие денови, со барањата на играта, е многу тешко за еден играч да игра на врвот повеќе од 10 години. Јас се обидувам да му дадам неколку совети, но и сега е поинаку. И на теренот ќе излезете толку мотивирани и не можевте да контролирате ништо затоа што бевте премногу мотивирани. Сега мислам дека на младите играчи не им се допаѓа толку ако некој им вика. Ама не само во фудбалот, во животот, во работата, младите не го сакаат тоа толку многу. Не сакам да кажам дека не можете да им зборувате гласно, но не можете постојано да им викате. Значи, мора да се промените, мора да ја пронајдете рамнотежата“, рече Левандовски во разговорот со Рио Фердинанд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.