Левандовски пак ја торпедираше Валенсија, Столе ќе почека за да дебитира! (ВИДЕО)

August 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Левандовски пак ја торпедираше Валенсија, Столе ќе почека за да дебитира! (ВИДЕО)

Ханси Флик започна со триумф како тренер на Барселона откако ја совладаа Валенсија со 2-1 со два гола на Левандовски. Валенсија го отвори резултатот 44. минута со голот на Дуро. ВАР собата ја прегледа ситуација поради можен офсајд, но сѐ беше чисто. Во петтата минута од судиското продолжение во првото полувреме Барселона дојде до гол по асистенција на Јамал каде Левандовски успеа да погоди. На стартот од второто полувреме Барселона дојде до пенал од кој Левандовски го постигна вториот гол на натпреварот. Столе Димитриевски ќе мора да почека Мамардашвили да биде продаден за да може да дебитира во Валенсија и да се наметне како прв голман.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.