August 7, 2024 | | Свет
Левандовски засега има добра пред сезона каде се очекува и оваа сезона да биде еден од клучните играчи на Барселона. Најдобрата сезона во својата кариера кога најверојатно заслужуваше да ја освои и Златната топка ја имаше во 2020 година токму под водство на Ханси Флик. Тој беше стрелец на двата голови против Милан изминатата вечер каде конечниот резултат беше 2:2, а Милан беше подобар на пенали. По натпреварот Левандовски истакна дека е среќен што соработува со Флик и најави како ќе играат Каталонците во новата сезона. „Многу сум среќен и задоволен што работам со Ханси Флик повторно. Верувам дека ќе имаме одлична сезона и ќе ја завршиме држејќи трофеј во рацете. Не треба да запираме да напаѓаме откако ќе поведеме со 1-0, туку да продолжиме да бараме уште. Бидејќи тоа е во крвта на овој клуб. И Ханси се вклопува во тоа со неговиот офанзивен пристап“, изјави полскиот голгетер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |