Леверкузен со ултиматум до Баерн: До вечер трансферот да биде договорен!

August 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Леверкузен со ултиматум до Баерн: До вечер трансферот да биде договорен!

Баерн Минхен силно го посакува Џонатан Тах, капитенот и стопер на Баерн Леверкузен, но веќе неколку недели клубовите не успеваат да се договорат за сите услови. Според информациите на новинарот Флоријан Плетенберг, Леверкузен му поставиле ултиматум на Баерн Минхен трансферот да биде договорен до вечерва на полноќ! Тах е силно одлучен за трансфер во тимот од Минхен. Како што пренесува Плетенберг, овој ултиматум нема да ги засегне играчот и неговиот агент Пини Захави, а за да се случи овој трансфер, Баерн Минхен прво треба да го продаде Де Лихт во Јунајтед. Сеуште нема конечен договор меѓу клубовите за капитенот, туку само вербален договор трансферот да изнесува околу 30 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.