Лига Нации: Шпанија се спаси од пораз во 93. минута, Германија ја совлада Италија! (ВИДЕО)

March 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лига Нации: Шпанија се спаси од пораз во 93. минута, Германија ја совлада Италија! (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни десет натпревари од Лигата на нации, а најголемото внимание беше насочено кон првите четвртфинални пресметки. Во Милано, на „Сан Сиро“, Германија успеа да ја совлада Италија со 2:1 и со предност ќе го дочека реваншот на домашен терен. Холандија и Шпанија одиграа возбудлив натпревар кој заврши 2:2, а европскиот шампион успеа да избегне пораз благодарение на голот на Мерино во 93. минута. Во последниот дуел од четвртфиналето, Данска минимално ја совлада Португалија со 1:0, обезбедувајќи си позитивен резултат пред возвратниот меч. РЕЗУЛТАТИ Данска - Португалија 1-0 Хрватска - Франција 2-0 Италија - Германија 1-2 Холандија - Шпанија 2-2

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.