Лионел Меси постигна гол и со форхенд удар му го посвети на Новак Ѓоковиќ (ВИДЕО)

March 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лионел Меси постигна гол и со форхенд удар му го посвети на Новак Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Лионел Меси уште еднаш ги освои срцата на фудбалските фанови, но овојпат и на љубителите на тенисот. Во победата на Интер Мајами против Филаделфија Унион (2-1), аргентинскиот маестро не само што постигна клучен гол, туку и приреди специјална прослава посветена на тениската легенда Новак Ѓоковиќ. Меси влезе во игра во 54. минута, а само две минути подоцна ја стресе мрежата на противникот. Но, тоа што привлече најголемо внимание беше неговата прослава – форхенд движење, карактеристично за Ѓоковиќ. Гестот веднаш беше протолкуван како чест на нивната неодамнешна средба во Мајами, а српските навивачи не го криеја воодушевувањето. „Браво, мајсторе!“, беше најчестиот коментар на социјалните мрежи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.