August 26, 2024 | | Свет
Ливерпул оствари две победи во првите две кола во Премиер лигата. Но, изгледа не е сѐ така розево во Ливерпул бидејќи фановите забележаа еден детал кој ги загрижи. Имено, Арне Слот реши да го извади Александар Арнолд од игра на последниот натпревар, а веднаш се виде дека Трент не е задоволен од таа одлука на тренерот. Потоа, Слот му пријде на клупата и кратко разговараше со него, а кога тренерот замине, Арнолд чудно гледаше каде најверојатно не бил убеден од она што Слот му го кажал. По натпреварот, Слот беше запрашан за реакцијата на десниот бек. „Трент незадоволен? Верувам дека секој сака да игра, тие на клупата секако се незадоволни. Но Трент имаше згуснато лето, играше за репрезентацијата, имаше само неколку недели слободни. Тој ни е потребен не само за првите два меча, туку за цела сезона, затоа и го чуваме. Но, добра работа е што имам квалитетна замена во вид на Конор Бредли“, рече Слот. Договорот на Арнолд истекува наредното лето, а засега нема најави дали веќе се преговара за нов договор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |