Ливерпул е незапирлив: „Пукна петарда“ во Лондон! (ВИДЕО)

December 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул е незапирлив: „Пукна петарда“ во Лондон! (ВИДЕО)

Ливерпул го прегази Вест Хем среде Лондон со резултат од 5-0. Иако домаќините се држеа во првите половина час, сепак Ливерпул покажа кој владее на теренот. Резултатот го отвори Луис Диаз во 30. минута. Само десет минути подоцна, Гакпо ја дуплираше предноста по асистенцијата на Салах, а неверојатниот Египќанец успеа да се запише во листата на стрелци пред самиот крај на првиот дел. Во вториот дел Ливерпул рутински го одработи натпреварот и успеа да постигне уште два гола. Првиот падна во 54. минута каде стрелец беше Александер-Арнолд, а по нова асистенција на Салах, и Жота успеа да постигне гол. Ливерпул останува прв со 45. бода и натпревар помалку од изненадувањето на сезоната Нотингем Форесст кој има 37. бода.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.