July 17, 2025 | | Свет
Според информациите на „ЕСПН Бразил“, Ливерпул сериозно влегол во трка за потписот на бразилскиот репрезентативец Родриго, кој е на излезна врата од Реал Мадрид. Родриго во завршницата од минатата сезона го загуби местото во првиот тим, а ни новиот тренер Чаби Алонсо не покажал премногу доверба во него. Тоа отвори простор за трансфер, а „црвените“ од Енфилд веќе стапиле во контакт со мадридскиот гигант. Иако Реал е подготвен да го продаде офанзивецот, не планира да го направи тоа по ниска цена – од Сантјаго Бернабеу бараат околу 100 милиони евра за неговиот потпис. Сепак, постои можност сумата да биде намалена во текот на преговорите. Родриго веќе подолго време се поврзуваше со Арсенал, но Ливерпул е оној кој направи конкретен чекор, што го прави фаворит во трката за неговиот ангажман.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |