Ливерпул единствен со максимален ефект – Собослаи му пресуди на Арсенал (ВИДЕО)

August 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул единствен со максимален ефект – Собослаи му пресуди на Арсенал (ВИДЕО)

Ливерпул по три кола е единствениот тим со максимален ефект во Премиер лигата откако попладнево на „Енфилд“ го совлада Арсенал со 1-0. Дербито беше исклучително динамично, но без многу шанси за гол, бидејќи борбата најмногу се водеше на средината од теренот. Победата на „црвените“ ја донесе Доминик Собослаи во 83. минута со прекрасно изведен слободен удар, со кој го совлада голманот Раја. Во финишот Арсенал вложи сè за израмнување и создаде неколку опасни ситуации, но не успеа да извлече бод. За „топчиите“ ова се првите испуштени бодови сезонава, откако претходно ги совладаа Манчестер Јунајтед и Лидс. Ливерпул, пак, останува најефикасен тим во лигата со осум постигнати погодоци и како лидер ќе ја дочека репрезентативната пауза.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.