Ливерпул гази сѐ пред себе: Совладан и Бормут! (ВИДЕО)

February 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул гази сѐ пред себе: Совладан и Бормут! (ВИДЕО)

Ливерпул продолжува цврсто да го држи првото место на табелата во Премиер лигата со нова победа, иако не беше на своето највисоко ниво. Благодарение на двата погодоци на Мохамед Салах, „црвените“ славеа со 0-2 на гостувањето кај Бормут. Домаќините, кои се наоѓаа во добра форма, влегоа мотивирано во дуелот и покажаа дека можат да бидат опасен противник. Сепак, по 30 минути игра, Салах ја презеде одговорноста и погоди од белата точка, носејќи водство за својот тим. Веднаш потоа, во 38-мата минута, Брукс ја затресе мрежата на Ливерпул, но неговиот погодок беше поништен по ВАР-интервенција поради офсајд. Во вториот дел, Бормут имаше неколку добри прилики, а најголемата ја имаше Клајверт во 70-тата минута кога промаши празен гол при резултат 0-1. Наместо израмнување, Ливерпул ја искористи својата шанса – повторно преку Салах, кој во финишот ја потврди победата со својот втор погодок. Со овие три бода, тимот од „Енфилд“ стигна до 56 поени, девет повеќе од Арсенал и Нотингем Форест, кои се наоѓаат на второто и третото место. Во другите натпревари од истиот термин, Фулам со 1-2 го победи Њукасл, додека Саутемптон со идентичен резултат славеше против Ипсвич. Најубедлив беше Евертон, кој со убедливи 4-0 го совлада Лестер.

Standings provided by Sofascore

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.