Ливерпул го договори Мамардашвили, но ќе остане сезонава во Валенсија да брани пред Столе!

August 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул го договори Мамардашвили, но ќе остане сезонава во Валенсија да брани пред Столе!

Мамардашвили ќе биде нов голман на Ливерпул и на клубот ќе му се придружи наредната сезона. Тој ќе остане во Валенсија, а ова значи дека македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски ќе биде втора опција сезонава во Валенсија. Трансферот ќе чини 30 милиони евра фиксни плус пет милиони евра лесни бонуси. Валенсија исто така ќе има десет проценти од следната продажба на Грузиецот. Нашиот Столе Димитриевски имаше клаузула каде за три милиони евра можеше да го напушти клубот ако Грузиецот не замине, но истата клаузула истече па ова значи дека Димитриевски ќе остане и ќе биде втор голман сезонава.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.