Ливерпул ги искористи киксовите на Сити и Арсенал! (ВИДЕО)

November 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул ги искористи киксовите на Сити и Арсенал! (ВИДЕО)

Манчестер Сити го претпре првиот пораз сезонава во Премиер лигата и тоа против Бормут на „Вајталити“ со 2-1, а ваквиот кикс го искористи Ливерпул кој славеше против Брајтон со 2-1. Семењо го отвори резултатот во 9. минута со голот на Керкез. Еванилсон го зголеми резултатот во 64. минута и повторно асистент беше Керкез. Во 82. минута Гвардиол прекрасно погоди со глава и до крај Сити не успеа да постигне втор погодок за да се спаси од пораз. Ливерпул пак преку пресврт успеа да го совлада Брајтон на „Енфилд“. Кадиоглу стрелаше во 14. минута за шок на домаќините. Во вториот дел за само три минути Ливерпул успеа да го сврти резултатот. Во 69. минута стрелаше Гакпо, а во 72. минута погоди Салах. Другите резултати од денешната програма во ПЛ: Њукасл - Арсенал - 2-1 Ипсвич - Лестер - 1-1 Нотингем Форест - Вест Хем - 3-0 Саутемптон - Евертон - 1-0

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.