September 25, 2025 | | Свет
Ливерпул веќе ја крои иднината на својата одбрана и според шпанските медиуми вниманието е насочено кон младиот стопер на Валенсија, Сесар Тарега. Дваесет и тригодишниот Шпанец се смета за еден од најперспективните дефанзивци во Ла Лига, а на „Енфилд“ го гледаат како природен наследник на капитенот Вирџил ван Дајк. Холандскиот ас останува лидер и клучна фигура во тимот – тоа најдобро го потврди со неодамнешниот гол во последните минути против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Но и покрај тоа што го продолжи договорот за уште две години, на неговиот истек ќе има 36 години, па Ливерпул мора да мисли однапред. Тарега има долгорочен договор со Валенсија до 2030 година, што му дава силна позиција на клубот. Шпанските извори проценуваат дека „лилјаците“ нема да преговараат за сума под 50 милиони евра, особено по заминувањето на Кристијан Москера во Арсенал. Освен Ливерпул, за Тарега интерес покажуваат и Реал Мадрид и Атлетико, но англискиот првак е посочен како најупорен и најподготвен да инвестира во неговото доведување, најверојатно во летниот преоден рок 2026.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |