Ливерпул го победи Арсенал, првиот гол е фантазија! (ВИДЕО)

August 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул го победи Арсенал, првиот гол е фантазија! (ВИДЕО)

Ливерпул и Арсенал одиграа контролен натпревар во рамките на пред сезоната во Филаделфија. Стрелци за Ливерпул беа Салах и Фабио Карваљо, а за Арсенал погоди Хаверц. Салах прекрасно погоди за водство на Ливерпул во еден гол кој беше прекрасна тимска акција. Голот падна на асистенција на Харви Елиот кој убаво асистираше и за вториот гол на Карваљо. Ова беше втора победа за Арне Слот во пред сезоната. Арсенал пред крајот на полувремето успеа да го смали резултатот на 2-1 преку Хаверц, а потоа темпото на игра во вториот дел опадна по каде беа направени бројни замени, па дуелот заврши со конечни 2-1 за Ливерпул. Наредниот натпревар Ливерпул ќе го одигра со Манчестер Јунајтед, а Арсенал против Баер Леверкузен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.