Ливерпул го прегази Манчестер Јунајтед! (ВИДЕО)

August 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул го прегази Манчестер Јунајтед! (ВИДЕО)

Ливерпул со убедливи 3:0 го совлада Манчестер јунајтед во пријателски натпревар одигран во САД. Првиот гол падна уште во 10. минута со гол на Карваљо. Предноста ја дуплираше Џонс по асистенцијата на Салах во 36. минута од натпреварот, а во 61. минута Костас Цимикас ги постави конечните 3:0. Овој пораз доаѓа во лош момент за Јунајтед иако станува збор за пред сезоната бидејќи нивниот следен натпревар ќе биде против Манчестер Сити во Комјунити Шилд. Ливерпул пак ќе одигра уште еден пријателски натпревар и тоа против Севиља.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.