February 6, 2025 | | Свет
Ливерпул забележа убедлива победа од 4-0 против Тотенхем на домашен терен, со што ја поништи негативата од првиот натпревар и обезбеди пласман во финалето на ЕФЛ Купот, каде ќе се соочи со Њукасл Јунајтед. Домашниот тим доминираше на „Енфилд“ и ја искористи слабата игра на Тотенхем, кој продолжува со разочарувачки резултати оваа сезона. Тренерот Анге Постекоглу е под сериозен притисок, бидејќи неговата позиција станува несигурна по овој тежок пораз. Резултатот го отвори Гакпо во 34. минута, по што гостите се соочија со уште еден проблем – повреда на Ричарлисон, кој беше заменет со новото засилување Тел. Сепак, тоа не донесе промена во играта на Тотенхем, а веднаш на почетокот на второто полувреме Салах зголеми на 2-0. До крајот на натпреварот, Собослај и Ван Дајк се запишаа во листата на стрелците, за конечни 4-0. Лондонскиот клуб имаше само една сериозна шанса за гол преку Сон, но пречката го спречи да постигне погодок. Финалето на ЕФЛ Купот е закажано за 15 март на легендарниот „Вембли“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |