August 9, 2025 | | Свет
Шведскиот напаѓач Александер Исак е видливо незадоволен по одлуката на Њукасл Јунајтед дека нема да го продадат во текот на летниот преоден рок. Исак, кој од почетокот на трансфер-периодот ја изрази желбата да премине во Ливерпул, веќе неколку недели се обидува да издејствува трансфер, но безуспешно. Ливерпул испрати значајна понуда за 24-годишниот голгетер, која била одбиена од раководството на „страчките“. Според британските медиуми, оваа недела дури и се појавија информации дека „црвените“ се подготвени да испратат рекордна британска понуда од 150 милиони фунти (околу 200 милиони долари), но и таа е одбиена. Во меѓувреме, Sky Sports објави дека Исак во средата тренирал сам во клупските објекти, додека остатокот од тимот завршувал „семеен ден“ од кој напаѓачот бил исклучен. Според „Телеграф“, клубот директно му соопштил дека нема намера да го продаде ова лето, што дополнително ја зголемило неговата фрустрација. Дополнителен пресврт е тоа што Исак нема да има дозвола да настапува за клубот сѐ додека не прифати дека нема да може да си замине од „Сент Џејмс Парк“ барем во овој преоден рок. Њукасл, пак, имаше свои неуспеси на трансфер-пазарот, бидејќи ги пропушти шансите да ги ангажира Хуго Екитике (кој заврши во Ливерпул) и Бенјамин Шешко (кој потпиша за Манчестер Јунајтед). Менаџерот Еди Хау продолжува да бара нов напаѓач, но и во случај на ново засилување – Исак ќе остане дел од тимот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |