Ливерпул го сруши Реал Мадрид на „Енфилд“: Мбапе и Салах промашија пенали! (ВИДЕО)

November 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул го сруши Реал Мадрид на „Енфилд“: Мбапе и Салах промашија пенали! (ВИДЕО)

Ливерпул оствари заслужена победа против Реал Мадрид со резултат од 2-0 каде стрелци беа Мекалистер и Гакпо. Во првиот дел Ливерпул за нијанса беше подобар од Реал, а особено се истакна интервенцијата на гол-линијата на младиот стопер на Реал Раул Асенсио. Во второто полувреме домаќините покажаа многу повеќе и влегоа со голема желба за победа, па гол падна уште во 52. минута каде стрелец беше Мекалистер на асистенција на младиот Конор Бредли. Седум минути подоцна Лукас Васкес изнуди пенал за Реал Мадрид, а трагичар беше Килијан Мбапе кој ја продолжува очајната форма. Ливерпул продолжи да напаѓа и тоа роди со плод во 70. минута кога Салах изнуди удар од белата точка, но истиот го промаши. Сепак, вториот гол за Ливерпул дојде во 77. минута кога од скратен корнер погоди Коди Гакпо на асистенција на Робертсон Ливерпул останува единствениот тим кој оствари победа во сите досегашни пет кола. Реал Мадрид пак од друга страна е на неверојатното 24. место каде по првите пет натпревари имаат само шест бода.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.