Ливерпул го уништи Тотенхем среде Лондон со 6 гола во мрежата! (ВИДЕО)

December 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул го уништи Тотенхем среде Лондон со 6 гола во мрежата! (ВИДЕО)

Ливерпул денеска му одржа лекција на Тотенхем среде Лондон каде конечниот резултат е 3-6. Уште во првиот дел Ливерпул покажа дека е дојден по сите три бода и докажа дека е апсолутен фаворит во овој натпревар. Луиз Диаз го отвори резултатот во 23. минута. Мек Алистер зголеми на 0-2 во 36. минута. Тотенхем намали преку Медисон во 41. минута, а пред самиот крај на првиот дел Собослаи зголеми на 1-3. Во вториот дел следуваше вистинска катастрофа за Тотенхем. Салах го постигна четвртиот гол за Ливерпул во 54. минута, а седум минути подоцна крилниот напаѓач постигна уште еден гол. Тотенхем намали преку Кулушевски и Соланке, а во 85. минута Луиз Диаз постигна уште еден гол за конечни 3-6. Ливерпул останува прв со 39 бода, втор е Челси со 35 кој воедно има и натпревар повеќе од тимот на Арне Слот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.