February 12, 2025 | | Свет
Ливерпул остана без триумф во 98. минута против Евертон во последното „Мерсисајд“ дерби на „Гудисон“. Конечниот резултат беше 2:2, а по натпреварот дојде до тепачка помеѓу Кртис Џонс и Дукуре. Тимот на Дејвис Мојс го шокираше Ливерпул по само 11. минути игра откако Бето успеа да го совлада Алисон по испратен интелегентен пас од стоперот Брантвајт. Само пет минути подоцна Салах одлично го пронајде Мек Алистер кој погоди со глава. Ливерпул дојде до пресврт во 73. минута кога Мохамед Салах со многу среќа успеа да погоди. И кога сите помислија дека тоа ќе биде конечниот резултат, сепак и домаќините се прашуваа нешто. После еден упатен центаршут во шеснаесетникот на Ливерпул, следеа неколку воздушни дуели каде топката дојде до Џејмс Тарковски кој успеа да погоди под пречката и да го расипе денот на градскиот ривал. По завршувањето на дуелот, Дукуре реши да ги провоцира гостинските навивачи, па така настана тепачка помеѓу него и Џонс. И Арне Слот имаше што да му каже на судијата Мајкл Оливер, па на крај и тој и двајцата играчи добија црвени картони. Сега Ливерпул има седум бода предност пред Арсенал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |