May 17, 2025 | | Свет
Трент Александер-Арнолд ја напушта екипата на Ливерпул по крајот на сезоната, па клубот веќе почна да работи на пронаоѓање на негова замена. Конор Бредли, потпиша нов договор до 2029 година, но Ливерпул сака да има и дополнителна опција на десната бековска позиција. Решението го пронајдоа во Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен. Фримпонг, холандски репрезентативец, ќе биде првото летно засилување на Ливерпул. Клубот ќе ја активира неговата откупна клаузула од 35 милиони евра, а тој веќе ги прифатил условите за петгодишен договор. Фримпонг е поранешен младинец на Манчестер Сити, а преку Селтик и Леверкузен доаѓа на „Енфилд“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |