Ливерпул ја изгуби битката за уште еден трофеј: Њукасл е освојувач на Карабао Купот (ВИДЕО)

March 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул ја изгуби битката за уште еден трофеј: Њукасл е освојувач на Карабао Купот (ВИДЕО)

Нов разочарувачки настап на Ливерпул во важен натпревар од сезоната, овој пат во финалето на Карабао Купот против Њукасл каде беа поразени со резултат 2-1. Тимот на Арне Слот одигра очајно прво полувреме, па во првиот дел Њукасл поведе преку Брн во 45. минута после гол од корнер. На самиот старт на вториот дел Исак постигна гол, но беше досуден офсајд. Но, само една минута подоцна, Александер Исак успеа да постигне гол по одличната асистенција од Мурфи. Надежта за Ливерпул дојде во 97. минута кога Федерико Киеса успеа да постигне гол. Иако првично беше досуден офсајд, по проверката на ВАР, голот беше признаен. По голот на Ливерпул, Њукасл одлично се снајде губејќи време и успеа да дојде до трофејот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.