Ливерпул ќе плати 50 милиони евра за замената на Салах

October 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул ќе плати 50 милиони евра за замената на Салах

Како што стојат работите во моментов, Мохамед Салах ја игра последната сезона во Ливепрул. По победата над Манчестер Јунајтед, Салах изјави дека му е последна сезона во Ливерпул вклучувајќи ги алармите која, а таа изјава можеби беше и некаква порака до раководството. Неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона, а со есклузивна информација денеска излезе и германски „Bild“ со што дополнително ги подгреа шпекулациите. Имено, овој медиум тврди дека Карим Адејеми е изборот на Ливерпул како замена на Салах. Адејеми привлече особено внимание со хет-трикот во првото полувреме против Селтик, но и генерално тој се смета за едно од најталентираните крила, па е познат како квалитетен фудбалер. Ливерпул е спремен да плати 50 милиони евра за да го купи од Борусија Дортмунд. Адејеми беше еден од трагичарите во финалето на Лигата на шампионите минатата сезона против Реал Мадрид каде промаши неколку шанси, а Ливерпул смета дека токму тој е вистинската замена за Салах. Неговиот договор трае до 2027 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.