August 7, 2024 | | Свет
Ливерпул ја анализира можноста за потпишуваше на играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди каде сакаат да ја зацврстат позицијата заден везен. Проблемот со овој трансфер е откупната клаузула која Зубименди ја има и која изнесува 60 милиони евра која неговиот клуб Сосиедад очекува да биде платена одеднаш, а чудо ќе биде ако прифатат таа сума да биде исплатена на рати, пишува Дејвид Орнстин од „The Athletic“. Другиот проблем е што Ливерпул ќе треба да го убеди Зубименди да замине од Сосиедад каде досега заинтересираните тимови не успеаа во таа намера. Досега, тренерот Слот на таа позиција ги тестираше Ендо, Собослаи и Гравенберх каде тренерот на Ливерпул го пофали токму Гравенберх дека добро одиграл на таа позиција, но очигледно Ливерпул планира дополнително да ја обезбеди таа позиција. Зубименди знае да игра под притисок донесувајќи итри одлуки и помага во започнувањето на нападот на својата екипа, а солиден е и дефанзивно. Засега Ливерпул само покажа интересен, па допрва ќе биде познато дали ќе дојде до реализација на трансферот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |