April 11, 2025 | | Свет
Ливерпул официјално потврди дека Мохамед Салах ќе остане на „Енфилд роуд“ до јуни 2027 година. Договорот на египетската ѕвезда требаше да истече за два месеца, но одлуката да продолжи уште две години внесе огромна радост меѓу навивачите. Со потпишувањето на новиот договор, Салах ќе заокружи цела деценија во Ливерпул. Тој пристигна во клубот во јуни 2017 година од италијанската Рома. Од тој момент па наваму, неговото име стана синоним за голови, брзина и асистенции во црвениот дрес. Вкупно, досега одиграл 394 натпревари за Ливерпул, при што постигнал 243 голови и додал 111 асистенции, импресивен биланс што го става меѓу најдобрите во историјата на клубот. Само оваа сезона има 32 голови и 22 асистенции на 45 натпревари во сите конкуренции. Како што пренесува „Дејли мејл“, продолжувањето на договорот му донесе и финансиски бенефит. Салах ќе заработува 375.000 фунти неделно, односно околу 432.000 евра. Со оваа плата, Ливерпул направи исклучок од своето правило да не нуди долгорочни договори со високи примања за играчи постари од 30 години.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |