Ливерпул не греши во ЛШ, има шест од шест! (ВИДЕО)

December 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул не греши во ЛШ, има шест од шест! (ВИДЕО)

Ливерпул успеа да ја совлада Жирона на Бојан Миовски кој вечерва не настапи поради повреда. Победата беше минимална каде клучниот гол дојде во 63. минута со удар од белата точка и стрелец беше Мохамед Салах. Со оваа победа, Ливерпул ја продолжува фантастичната низа каде по првите шест натпревари се остварени шест победи и тимот од Англија е единствениот тим во Лигата на шампионите сезонава со таков учинок. Наредниот натпревар за Ливерпул во Лигата на шампиони ќе биде дури наредната година каде на 21. јануари ќе ги одмерат силите со Лил. Динамо Загреб и Селтик пак ремизираа без голови на „Максимир“. Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар во тимот на хрватскиот првак.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.