Ливерпул не планира да прави трампа со Реал

December 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул не планира да прави трампа со Реал

Новинарот Флоријан Плетенберг ги негираше гласините кои во последните денови се појавија во медиумите, според кои Ливерпул и Реал Мадрид преговараат за можен трансфер во форма на трампа помеѓу Рајан Гравенберх и Орелијан Чуамени. Според Плетенберг, нема вистина во овие наводи, а Ливерпул нема намера да го разменува својот холандски фудбалер за францускиот играч на Реал Мадрид. Исто така, Плетенберг додава дека Гравенберх не планира да го напушти Енфилд во блиска иднина. „Извори од клубот ми пренесоа дека Ливерпул нема намера да прави трампа со Реал Мадрид во која ќе бидат вклучени Рајан Гравенберх и Орелијан Чуамени. Воедно, Рајан Гравенберх во овој момент не размислува за заминување од Енфилд. Во моментов нема никакви планови или дискусии за трансфер, било да е тоа во зимскиот преоден рок или пак во летниот преоден рок“, тврди Плетенберг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.