Ливерпул не запира: По Керкеш, „црвените“ договорија уште еден квалитетен дефанзивец

June 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул не запира: По Керкеш, „црвените“ договорија уште еден квалитетен дефанзивец

Ливерпул силно го притиска педалот во летниот преоден рок – тимот од „Енфилд“ веќе се договори со Борнмут за трансферот на левиот бек Милош Керкеш, а веќе се насочени кон следната цел. Керкеш, 20-годишниот унгарски репрезентативец со српски корени, ќе се приклучи на „црвените“ за сума од нешто под 50 милиони евра. Со тоа, Ливерпул го комплетира второто засилување по ангажманот на офанзивниот бек Џереми Фримпонг, кој доаѓа за 35 милиони евра. Освен нив, клубот е на чекор до потпишување и со Флоријан Вирц – трансфер вреден неверојатни 137 милиони евра, што би бил рекорд за клубот. Но, трансфер-мисијата на новиот тренер Арне Слот не запира тука. Фокусот сега е насочен кон стабилизација на одбраната, а приоритет стана Марк Геи – силен, модерен дефанзивец кој веќе има премиерлигашко искуство и репрезентативни настапи за Англија. Конкуренцијата за потписот на Геи е жестока – Арсенал, Челси и Њукасл се сериозни ривали, но Ливерпул верува дека со визијата на Слот и проектот што го гради, може да го убеди 23-годишниот стопер дека „Енфилд“ е вистинското место за следниот чекор во неговата кариера.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.