Ливерпул преку пенал во 95. минута ги однесе трите бода на гостувањето кај Барнли (ВИДЕО)

September 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул преку пенал во 95. минута ги однесе трите бода на гостувањето кај Барнли (ВИДЕО)

Ливерпул со гол од белата точка во 95. минута успеа да слави на гостувањето кај Барнли. Англискиот шампион денеска тешко успеваше да го најде патот до голот на домаќините кои играа одлично во дефанзива. Клучниот момент се случи во 95. минута кога Фримпонг избори пенал каде Ханибал направи очаен потег во својот шеснаесетник удирајќи ја топката со рака. Шансата за да му донесе победа на Ливерпул ја искористи Мохамед Салах во 95. минута со што гостите ги однесоа сите три бода и се единствениот тим со максимален учинок во првите четири кола.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.