Ливерпул продава четворица фудбалери за да го донесе шпицот од 150 милиони!

July 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул продава четворица фудбалери за да го донесе шпицот од 150 милиони!

Ливерпул е подготвен на нов трансфер-шок ова лето, откако веќе го постави рекордот во Премиер лигата со ангажманот на Флоријан Вирц за 125 милиони евра. Но, амбициите на „црвените“ не застануваат тука – следна цел е шведскиот напаѓач Александар Исак од Њукасл, а за него се подготвени да платат помеѓу 150 и 160 милиони евра. Според англиските медиуми, Ливерпул веќе ја составува финансиската рамка за реализација на овој мегапотег. Планот вклучува продажба на неколку играчи – Ибрахима Конате, Харви Елиот и Луис Диаз – што би требало да обезбеди значителна сума. Конате наводно бил блиску до трансфер во Реал Мадрид за 46 милиони евра, Елиот е проценет на 57 милиони, а за Луис Диаз се бараат 60 милиони евра. Покрај нив, се очекува и евентуална продажба на Дарвин Нуњез, што би ја комплетирало финансиската конструкција за доведување на Исак.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.