Ливерпул се доближува до Зубименди!

August 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул се доближува до Зубименди!

Реал Сосиедад очекува нивниот фудбалер Мартин Зубименди да се согласи на трансфер во Ливерпул, а овие информации доаѓаат од луѓе кои се запознаени со ситуацијата во шпанскиот клуб, пишува „The Athletic“. Ливерпул ја разгледува опцијата да го потпише Зубименди кој има откупна клаузула од 60 милиони евра, сума која шпанската екипа очекува да биде исплатена одеднаш. Ако Зубименди побара трансфер, неговиот тим ќе му ја исполни желбата. Тој воедно би бил и првото засилување во ерата на Арне Слот во Ливерпул. Ливерпул има проблеми со позицијата заден везен фудбалер, каде по заминувањето на Фабињо се соочуваат со големи проблеми. Реал Сосиедад веќе го продаде Ле Норманд во Атлетико Мадрид, а се очекува и Микел Мерино да премине во Арсенал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.